IPL третман за трајно одстранување на лузни, брчки, акни, бемки и  флеки од сонце

 

После 4-5 третмани кожата е видливо подмладена и со изедначен изглед.

Третманот се прави секои 2-3 недели. Пред или за време на правење на третманот не смее да се излегува на сонце или да се оди во солариум.


Третманите се сигурни и ефикасни за сите типови на кожа. После третманот клиентот може да се врати на секојдневните активности.

            

 

IPL ласерска депилација


Отстранување на влакна од лицето и телото со помош на поларизирана светлост е еден од најдобрите третмани за решавање на проблемот со влакната. Оваа врста депилација ги отстранува влакната од корен и се препорачува на тие кои сакаат безболно и трајно да го намалат бројот на темни влакна. Предност на методот фотоепилација е тоа што во текот на еден третман може да се третираат големи површини од телото, со што за кратко време се отстрануваат многи влакна.


Со загревање на коренот при температура од 70°C, влакното кое е во состојба на раст, многу лесно се отстранува. Но, поради нееднаквиот раст на влакната и различните фази на тој раст, потребно е да се направат неколку третмани за да се постигне посакуваниот резултат. По третманот можно е да се појават влакна, но тие ќе бидат нежни и светли,што не претставуваат естетски проблем. За лицата кои проблемот со темните влакна сакат да го решат со овој третман им препорачуваме да ги одберат ладните месеци, бидејќи пред или после третманот не е препорачливо телото да се изложува на сонце или солариум.