Кавитација

Кавитација - ултразвучна кавитација


Технолошките постигнувања во медицината ја направија возможна употребата на ниско-фреквентен ултразвук за локализирана редукција на масното ткиво, мошне често позната под популарните имиња love handles или jows, или ултразвучна кавитација.

Нискофреквентните ултразвучни бранови се корисни во борбата со депозитите на масното ткиво. Со помош на оваа метода се постигнува липолиза (разградување на масните клетки – адипоцити до масни киселини преку феномен познат како стабилна кавитација, и зголемување на клеточната пропустливост на адипоцитите). Меѓутоа на овој начин се зголемува нивото на триглицеридите.



Понатаму следи разградување на фибрите преку механичка акција позната како jet stream. И на крај конечно дел од масните клетки се метаболизираат преку црниот дроб и се елиминираат со урината, па затоа секогаш се препорачува пиење на огромни количини на вода во текот на траењето на третманот и наредните неколку денови после завршување на третманот.

 

КАВИТАЦИЈА - нехируршка липосукција

 


Со секој третман губите сантиметри! Кавитација е неинванзивна и безболна метода за брзо, сигурно и безбедно обликување на телото. Со помош на апаратот Green Cavite, со метод на нискофрекфентни ултразвучни валови се разбиваат масните наслаги и целулитот. После селективното разбивање на масните наслаги, маснотиите се ослободуваат во облик на триглецериди каде се метаболизираат во глицерол и слободни масни киселини, кои поминуваат преку црниот дроб, па преку линфниот систем се исфрлаат сите остатоци од растопените масни наслаги. Самиот третман трае 40 минути и е сосема безбеден и релаксирачки. Резултатите кај повекето клиенти се видливи веднаш по првиот третман. За да се подобри ефектот на третманот и да се осигури долгорочен ефект потребно е да се придржуваат на одредени совети кои ќе помогнат резултатите од кавитација да бидат поуспешни и долготрајни.




Овој третман е наменет:


1.Преобликување на локализирани масни наслаги (надлактици, грб, бутови, струг, колена)
2. Намалување на наслагите на целулитот.
3. Подобрување на циркулацијата
4. Подобрување  на квалитетот на кожата и сврзувачкото ткиво.

 

 


КАКО СЕ КОРИСТАТ ТРЕТМАНИТЕ?

Бидејки на организмот му треба време да ги исфрли сите растопени масни келии растојанието помегу два третмана е од 3 до 7 дена. Траењето на третманот е максимално 40 минути што е дозволена горна граница на излозеност на ултра звукот и фрекфенција на интензитетот. Иако е метода неинванзивна и безболна организмот е во стрес затоа што треба да ги преработи и исфрли продуктите кои се распаднати од масните келии, и затоа е дозволено вкупно 6 повторувања на третмани во еден циклус на една регија и потоа се прави пауза од 1 месец. Комбинација на кавитација со вакум е еден предуслов за ефикасен третман .


КАКВО Е ЧУВСТВОТО ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТРЕТМАНОТ?

Бидејки се развива топлина со допирот на сондата на апаратот, за време на третманот е можно да се осети благо пецкање и топлина на третираниот дел на телото. Понекогаш се слуша специфичен звук- тивко зуење заради користење на ниско фрекфертниот ултра звук . кој има фрекфенција многу блиска до границата на човечкиот слух . Вените, капиларите и мускулите остануваат неоштетени, нема болки после третманот а клиентот може да се врати веднаш на своите секојдневни активности. Кавитацијата е идеално решение за сите кои би сакале да го подобрат својот изглед, а сепак кои не се решаваат за хирушки захват. Ова е единствен начин за да бидат задоволни од својот изглед.