Трајна шминка


Трајна шминка е внесување на пигмент направен од билки кој се нанесува плитко во кожата правејќи линија со што се истакнуваат усните, очите и вегите . На оние клиенти кои немаат веги или им се проретчиле, со трајната шминка им се исцртуваат веги по нивна желба. За формата на вегите да биде како што сака клиентот најчесто прво се исцртуваат со моливце за веги , потоа ние повторуваме одозгора, со што на клиентите им подаруваме нов и весел изглед на вегите. Кога ги работиме очите се повлекува линија на капакот, по желба на клиентот ја изработуваме формата. Изгледот е исто како да има туш за очи . Кај усните се работи со извлекување на линија по контурите на усните . Бојата и формата се по желба на клиентот.