Нутративни услуги


Нашиот салон е во соработка со нутиционист за побрзо постигнување на саканата силуета. Ви нудиме нутритивни услуги кои че придонесат правилна употреба на исхраната во превенција и лекување на различни заболувања, и тоа без гладување.



                      Нутриционизам - Видови на профили



      Нутриционист или диететичар е професионално квалификувано лице во областа исхрана и диететика, потврдено од националните авторитети. Тој ја применува науката за храна и исхрана во хранење и едукација на лица или пооделни групи во унапредување на здравјето, како и превенција и лекување на болестите.



      Видови професии што ја вклучуваат исхраната кај човекот:

А. Во домен на здравствените дисциплини тоа се:

      1. Исхрана и диететика (Human Nutrition and Dietetics).

Тоа е здравствена професија со која се бават специјалисти едуцирани да обезбедат сигурен диететски надзор на база на докази, како и интервенции за здравјето и болестите кај човекот (dиететичар /нутриционист).

      2. Клиничка нутриционистика (Clinical Nutrition)

Тоа е професија со која се бават специјалисти кои спроведуваат диететски третман како дополнување на терапијата кај одредени болести кај човекот (клинички диететичар/нутриционист). Клиничката нутриционистика е значаен дел на терапијата која се препишува под медицински надзор на докторите кои исто така можат да бидат од различни специјалности со завршена субспецијализација по клиничка нутриционистика/ медицинска диететика (диетолози).

      3. Исхрана поврзана со јавното здравје (Public Health Nutrition) е фокусирана на унапредување на здравјето низ исхрана и физичка активност, како и превенција на болестите поврзани со исхраната на целото население, на популационо ниво. Тоа се нутриционисти вработени во јавното здравство, владини сектори и невладини организации.

      4. Менаџери во службите за храна, односно административни нутриционисти (Food service manager), нутриционисти во службите за односи со јавноста (PR) и маркетинг (Marketing), консултирање и приватна практика.



Б. Во домен на научните базични дисциплини се вбројуваат:

      1. Наука за храната (Food Science) е фокусирана на изучување на составот на храната, мониторинг и следење на снабдувањето со квалитетна храна и нејзино доставување. Идните позиции се истражувачи и професори на универзитетите;

      2. Биотехнологија и прехранбената технологија;

      3. Други дисциплини во рамките на медицинско-биолошките науки.



Нутративна препорака - Ѓумбир


Ѓумбирот има лековито својство, може да се консумира секојдневно, и нема подобар начин за припрема на повкусен чај.

Чајот од ѓумбир се користи за ублажување на разни тегоби, а со додавање на состојки како што се мед, лимон или портокал, може да се подобри вкусот на чајот и неговата лековитост.

Го намалува нивото на стрес, ублажува мачнина, подобува циркулација, олеснува менструални тегоби, ублажува мигрена...