Престиж Хоме Менаџмент

Управител
на станбени објекти

Услуги

Престиж хоме менаџмент е компанија која нуди услуги на станбени објекти. Оваа компанија е заоснована како идеја на нашето лично незадовоство од состојбата и начинот на управување со зградите во кои живееме: неефикасно носење одлуки,ненавремено и неусогласено санирање дефекти и други проблеми со кои станарите се соочуваат во своето секојдевие, затоа се посветивме за создавање на команија која нуди достапни,квалитетни и навремени услуги во секој аспек на домувањето. Повеќе информации за нас, нашите услуги и секојдневни активности можете да најдете на нашата : Фејсбук страна.

Административно управување

Подмирување на сите обврски во целост кон трети лица( ЕВН, Водовод, оджување лифт). Изготвување годишен план и извештај за одржување на станбената зграда како и негово спроведување.Припрема и дистрибуција на фактури и водење евиденција за наплата преку современ компјутерски систем. Редовно испраќање опомени пред тужба ,како и утужување на нередовните плаќачи и застапување на сопствениците на посебни делови пред управните органи. Правните совети од страна на Управителот кон сопствениците на објектот се бесплатни.

Тековно одржување-Хаусмајсторски услуги

Престиж хоме менаџмент во целост се грижи за станбениот објект и редовното вршење на сите поправки од помал обем (менување сијалици,степенични автомати, мали електрични приклучоци и слично). Работната рака на нашите хаусмајстори не се наплаќа доколу ја изберете таа услуга од пакетот услуги. За интервенции од поголем обем(поправка на кров,молерисување, поставување влезни врати, проблеми со водовдни мрежи и слично) обезбедуваме понуди од фирми и мајстори со долгогодишно искуство, со кои соработуваме.

Тековно одржување - Хигиена

При превземање на објектот од наша страна се врши генерално чистење на објектот а понатамо хигиената во станбениот објект се оджува спрема одбраната понуда.Во нашата понуда постои два вида на чистење на заедничките простории( ходници), рачно и машинско чистење на објектот. Рачното чистење се состои од суво чистење(метење) и влажно чистење( џогирање). Додека машинското чистење се врши со најсовремени машини за чистење подови кои веднаш се спремни за употреба( Суво,влажно чистење и собирање на водата). При користење на машините не се троши струја во објектот бидејќи машините се на батерии.

Дополнителни услуги

Фирмата Престиж хоме менаџмент исто така врши дополнителни услуги како : машинско чистење на подруми и гаражи, машинско косење на трева и одржување на дворови, Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација, поставување и одржување на видео надзор и контрола на пристап, менување на батерии и одржување на УПС уреди (за беспрекорна работа на лифтот при прекин на струја), Осигурување на заеднички простории и други услуги по договор со станарите.

Престиж Пакети

Престиж хоме менаџмент на своите клиенти им нуди пакети на услуги за задоволување на сечии потреби.

Контакт

Престиж хоме менаџмент ви стои на располагање , контактирајте не.