Последно ажурирано: 2 септември 2026
Оваа политика ги уредува условите и начинот на кој се прифаќа сторнирање на онлајн трансакции и поврат на средства на купувачите/корисниците на услугите на Престиж Хоме Менаџмент ДООЕЛ Гостивар.
Официјален трговец кој го овозможува онлајн плаќањето на сметки и услуги е:
Престиж Хоме Менаџмент ДООЕЛ Гостивар
ул. Светозар Пепоски бр.8, 1230 Гостивар, Р. Северна Македонија
ЕДБ: 4018015500000
Тел: 078 345 000 | Е-пошта: info@prestige.mk
Сите трансакции и цени на услугите на веб-порталот се искажани и се наплаќаат исклучиво во домашната валута — Македонски Денари (МКД / MKD). Во цените е вклучен соодветниот Данок на додадена вредност (ДДВ).
Сторнирање (анулирање) на онлајн трансакција направена со платежна картичка може да се изврши во следниве случаи:
Корисникот по грешка ја платил истата фактура повеќе од еден пат или внесол погрешен износ.
Уплата извршена на сметка на друг сопственик/стан поради грешка во идентификацијата.
Трансакцијата била задолжена повеќе пати поради прекин во интернет врската или технички проблем на банкарскиот портал.
За реализација на повратот на средства, корисникот треба да ги следи следниве чекори:
Корисникот поднесува барање за поврат на е-пошта: info@prestige.mk најдоцна во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на извршување на трансакцијата.
Кон барањето се приложува потврда за извршената уплата (од банката или е-пошта), број на фактурата и податоци за сопственикот на картичката.
Престиж Хоме Менаџмент ДООЕЛ ќе го разгледа барањето и ќе донесе одлука во рок од 3 (три) работни дена од приемот.
ВАЖНО: Во случај на поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, делумно или целосно, а без оглед на причината за повратот, Престиж Хоме Менаџмент ДООЕЛ има обврска повратот да го изврши ИСКЛУЧИВО преку VISA, EC/MC или Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Не е дозволен поврат на средства во готовина (во кеш) за онлајн трансакции извршени со платежни картички.
Поврат на средства НЕ може да се изврши доколку уплатата е редовно прокнижена за соодветната месечна сметка/резервен фонд и услугата е веќе целосно испорачана согласно Законот за домување и Договорот за заемни односи.
За сите дополнителни прашања поврзани со повратот на средства или сторнирање на трансакции, контактирајте нѐ на: